Во Делчево и Македонска Каменица во пораст бројот на пациенти на инсулинска и таблетарна терапија

Во Делчево и Македонска Каменица околу 300 пациенти се на инсулинска терапија додека бројката на пациенти кои примаат таблетарна терапија против шеќерна болест изнесува 2500 пациенти. Претседателот на здружението на дијабетичари на Делчево и Македонска Каменица во рамки на денешната акција за мерење шеќер во крвта која се реализираше во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, истакна дека во последно време се поголем е бројот на млади луѓе кои заболуваат од болеста на модерното време.

-Состојбата со пациеинти како и во цела Македонија, така и во Делчево и Македонска Каменица е загрижувачка, бидејки на територијата на овие две општини имаме околу 300 пациенти на инсулинска терапија и околу 2500 пациенти на терапија со таблети. Оваа болест испадна дека е болест на модерното време, бидејки и многу млади луѓе веќе заболуваат од нередовниот живот, од стресот што го имаат. Со овие акции се надевам дека ќе се доближиме до граѓаните на Делчево и Македонска Каменица во смисла да им помогнеме во справувањето со болеста, рече Дамјанова.

Генерално како што додаде претседателката на здружението, поголеми проблеми од типот на набавка на потребната терапија во овие две општини не се забележани, но апелираше граѓаните да прават редовни контроли, за да се избегнат последиците, кои доаѓаат од ненавремените прегледи.

-Во Делчево инсулинската аптека е снабдена навреме и имаме терапија за сите, иако на ниво на Македонија има пгооелми проблеми во тој поглед, немаме некои тука пациенти со многу големи компликации. Сепак важно е да се напомене дека со присуството оваа болест се нарушува видот, работата на бубрезите, на срцевите садови и  доколку не се води грижа може да дојде и до гангрена, отсекување на „не дај боже“ на некој екстремитет, така што пожелно е граѓаните и да немаат проблем со шеќерот во крвта, редовно да прават проверки бидејки таа е подмолна болест, додаде Дамјанова.

Денешната акција за мерење на шеќер во крвта се спроведе во соработка со Јавната здравстена установа Здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево, чиј директор Зоран Ѓорговски посочи дека ваквите акции даваат придонес во полесно справување со компликациите кои ги дава оваа болест и според него истите да продолжат и во наредниот период.

-По повод Светскиот ден на болните од дијабет организиравме акција за мерење на гликемија и давање совети на болните од дијабет околу нивниот секојдневен живот, придржување на мерките за здрав живот и редовно земање терапија. Инаку ние и во рамките на работата на нашите редовни секојдневни активности заедно со матичните лекари сме вклучени во борбата со дијабет и компликации од истиот, така што апелирам на редовни прегледи и во иднина, рече Ѓорѓовски.

Делчевецот Методи Крстевски кој изврши проверка на количината на шеќер во крвта, посочи дека редовните прегледи и слушање на советите на лекарите придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните и нивните семејства.

-Акциите се многу корисни за граѓаните како превентивно средство како треба да се однесуваат, ако мислат за себе и своите семејства. Тие акции помагаат да тие што се проверуваат, да влијаат и на други членови на семејството оти редовните контроили и прегледи влијаат на поквалитетниот и подолг живот, истакна Крстевски.

Освен во Делчево акција за мерење на шеќер во крвта денес беше спроведена и во Општина Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*