Во тек реконструкција на шумската зграда на планината Голак

Еколошкото друштво ,,Голак” Делчево и ЈП ,,,Национални Шуми, ПШС ,,Голак” Делчево започнаа активности за реконструкција на шумската зграда на планината Голак. Во моментот како што информираше директорот на подружницата Љупчо Петровски” се работи на реконструкција на кровот на зградата, а предвидено е и обнова на фасадата.

-Во активностите се вклучени поголем број на општествено – одговорни фирми и поединци меѓу кои ќе ги набројам ЈТД ,,Леска” пилана, с.Бигла, Фротирка Компани, Винербергер, Алпин Ком, Крзно, Нефи, Извршител Орце Гоцевски, Макострој, Бурекчилница ,,ДИС”, Голачки Шуми, Менувачница Пресинг, Брегал ДОО, МАНОВ, како поединци од главните изведувачи ќе ги спомнеме мајстор Маринко и повеќе лица вработени во ЈП ,,Национални Шуми и други помагатели на кои им благодариме, рече Петровски.

Додаде дека градежните работи за реконструкција на кровот на шумската зграда се очекува да завршат деновиве, а останатиот дел во зависност од временските услови ќе продолжат идната Пролет.

Ова е една од првите иницијативи на Еколошкото друштво ,,Голак” која се реализира благодарение на соработката со ЈП ,,Национални Шуми” ПШС ,,Голак” која има за цел подобрувањето на условите за сите гости и добронамерници кои имаат потреба од користење на шумската зграда на планината Голак.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*