Потпишан колективниот договор за унапредување на правата на вработените во Општина Берово

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски го потпиша колективниот договор за унапредување на правата на вработените во Општина Берово. Договорот како што информираше Пекевски го потпишаа претставници на Синдикатот на УПОЗ и општинската синдикална организација.

-Потпишувањето на колективниот договор, според Пекевски значи нов чекор кон унапредување на правата на вработените во Општина Берово и е гаранција за нивно почитување. Колективниот договор го потпишавме, од едната страна, јас како Градоначалник на Општина Берово и од страна, на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Беровo, Ѓорѓи Пеовски, информираше Пекевски.

Со овој колективен договор како што додаде се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Берово.

Најави дека почитувањето на правата на вработените во Локалната самоуправа и понатаму ќе биде негов приоритет како градоначалник.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*