Владиката Иларион го освети светиот крст пред параклисот ,,Св.Петар и Павле” во с.Стамер

Во делчевското село Стамер осветен новопоставениот црковен свет крст пред параклисот  ,,Св.Петар и Павле”. Со чинот на осветување чиноначалствуваше неговото високо преосвештенство Митрополит Брегалнички, г-динн Иларион кој ги благослови ктиторите и помагатели во изградбата и поставувањето на светиот крст.

-Денеска на овој прекрасен празник уште една радост на ова убаво место. Најпрво во село Стамер се изгради црква посветена на светиот пророк Еремија , потоа се направи параклисот посветен на светите апостоли Петар и Павле на самиот влез од овој пат, а сега денеска го осветивме крстот како симбол  за победа над секакво зло, крстот со кој сите ние се осветуваме и ги победуваме сите искушенија, неволји и напасти, рече Владиката Иларион.

Претходно по повод празникот ,,Воведение на Пресвета Богородица” Владиката отслужи црковна литургија во храмот Успение на Пресвета Богородица во Делчево.

-Нека е честит и вечен празникот кој го празнуваме “Воведение на Пресвета Богородица”, кон нејзината закрила, заштита и милост нека не воведе сите во вечниот живот да ни го покаже патот на вечност, нека  испроси од нејзиниот син мир и благосостојба на земјата, здравје, телесно нека ги блогословува и осветува сите луѓе, додаде Митрополитот Брегалнички

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*