
По повод Меѓународниот ден на планината Планинарскиот спортски клуб Голак од Делчево искажа постхумна благодарност до проф. д-р Јовица Угриновски, поранешен претседател на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
Во продолжение објавата на ПСК ,,Голак”:
ПОЧИВАЈ ВО МИР МОЈ И НАШ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ПРОФ.Д-Р ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ.
ПСК ГОЛАК Делчево,предводен од претседателот Дипл.шум.инж.Љупчо Чучуковски,ја искажуваме ова постхумна БЛАГОДАРНОС :
- Ми беше голема чест и задоволство што лично те познавав,што ми беше моја инспирација во планинарството,што на мене н на ПСК ГОЛАК Делчево многу ни помогна.
- Како Претседател на ПСК ГОЛАК Делчево,ми беше голема чест и задоволство што кога до пред неколку месеци ти беше Претседател на Федерацијата за планинарство на Р.С.Македонија,а јас бев дел од твојот тим како член во НАДЗОРЕН ОДБОР на ФПСМ,како член во Комисијата за планинарски патеки,и како Координатор за југо-источниот дел од државата во Комисијата за планинарски водичи.
- Ми беше чест и задоволство да работам со тебе бидејќи Федерацијата предводена од тебе беше препознаена во цел свет,каде ти беше и Претседател и на Балканаската Унија.
Ми беше чест и задоволство да кажам дека секогаш имаше решение на се и секогаш знаеше да инспирираш со твојата смиреност и мудрост. - Ми беше чест и задоволство што во твое време ПСК ГОЛАК Делчево беше прогласен за Клуб на годината.
- Ми беше чест и задоволство што во твое време знаеше да ги цениш сите постигувања во планинарството за што ми додели и ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОСЕБНО ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ.
- Ми беше чест и задоволство што во твојата МЕДИЦИНСКА КОМИСИЈА беше и нашиот член Д-р Соња Мавродиева Георгиевска,со која соработувавте.
- Ми беше чест и задоволство што нашиот тогаш најмлад член ДАВИД ЧУЧУКОВСКИ,беше единственото дете во државата што 2 години,една по друга ја доби највисоката стипендија СПОРТСКА НАДЕЖ кој ја доделуваше Агенцијата за спорт и млади.
- Ми беше чест и задоволство за сите совети,за секој одговорен повик,за се што направи за мене и за Федерацијата.
Ќе останеш во нас засекогаш,бидејќи тоа навистина го заслужи.
СОЧУВСТВО ДО ФАМИЛИЈАТА.
Видео: https://www.facebook.com/psdgolak.delchevo/videos/1836228336647153
Leave a Reply