Планинарите на ПСК ,,Голак” го исчистија тунелот на влезот во Делчево

Денес членови на Планинарскиот спортски клуб ,,Голак” од Делчево комплетно ги исчистија двата влезови на тунелот пред Делчево. Во рамки на акцијата планинарите ги исчистија патеките од двете страни кои водат до него од двете страни, а ја посетија и неговата внатрешност.

-Апелираме сите кои сакаат да го посетат да не влегуваат во внатрешноста, иако истиот е направен и сигурен. Се наоѓа на 585 – 593 м.н.в. на ридестиот дел на Осоговските планини, поточно под Велков Рид на влезот на село Очипала (Дуовска Маала) на само околу 4 километри пред град Делчево, односно на самиот почеток на Пијанечка (Делчевска) Котлина.

Тунелот е граден за време на Втората Светска Војна и низ истиот требало да помине железничката пруга од Кочани за Делчево и понатаму кон соседна Р. Бугарија.
Истиот е комплетно пробиен и изѕидан, освен последните 50-тина метри кон излезот кој не е изѕидан, но е сосема пробиен и прооден.

На потегот од Кочани кон Делчево на неколку места има направено Тунели, но сепак истите не се функционални.

-Иако е потполно пробиен и направен, кој се уште е во добра состојба, сепак низ него не успеала пругата да биде поставена и пуштена во функција. Тунелот е со должина од над 250 метри и денес е дом на повеќе животни, меѓу кои најдоминантни се Лилјаците. Се наоѓа над самиот магистрален пат А3, но сепак поради тоа што е обраснат со дрвја и растенија, не е видлив.

За него некои граѓани од Делчево имаат слушнато, многу малку знаат каде се наоѓа, додека младите генерации воопшто не знаат дека овој тунел постои (Општина ДЕЛЧЕВО – Област ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*