Донација од детска литература за ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

Продолжуваат донациите во Јавната локална библиотека ,,Илинден” во Делчево. Повеќе од 100 изданија на детска литература библиотеката доби од своја сограѓанка, што според директорката Биљана Петровска е една од поголемите донации за потребите на библиотеката.

-Кон крајот на годината, уште една голема донација на стари ама вредни и убави  наслови од наша сограѓанка, за ЈЛБ „Илинден“ – Делчево. Нашата сограѓанка, Николина Попчева, на библиотеката и подари над сто книги, меѓу кои и поголем број лектири, кои навистина ни требаат и ќе ги користат нашите членови- ученици  реле Петровска.

Од име на ЈЛБ „Илинден“, Петровска се заблагодари за донацијата упатувајки апел до своите сограѓани, да се приклучат на ваквите иницијативи.

-Апелирам до нашите сограѓани да не ги фрлаат и уништуваат книгите кои ги имаат дома, и кои не им требаат. Спакувани во кутии нека ги донесат во библиотеката, бидејки тука секоја книга ќе си најде свој читател, додаде Петровска.

Во годината што изминува, како што додаде седуммина општествено-одговорни граѓани, дел од книгите од нивните домашни библиотеки кои не им се потребни, ги подариле на библиотеката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*