Во Берово продолжуваат активностите за унапредување на системот за управување со отпад

Општина Берово продолжува со активностите за унапредување на системот за управување со отпад. За таа цел градоначалникот Звонко Пекевски потпиша Меморандум за соработка со општествено-одговорна компанија од Скопје, која како што истакна  има за цел да придонесе во реализацијата на активностите за складирање и рециклирање отпад, а воедно и да ја зајакне свеста кај најмалите за чиста животна средина.

-Со претставник од фирмата Ново Нордиск Фарма ДООЕЛ увоз- извоз Скопје, потпишавме Меморандум за соработка, при што на Општина Берово, ќе и биде  доделена паметна џубокс канта која ќе биде поставена во деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски”. Целта на нејзиното користење е поттикнување промениз со цел заштита на животната средина и поттикнување на децатата, на навики за соодветно складирање и рециклирање на отпадот, рече Пекевски.

Претходно Општина Берово доби донација од 200 индивидуални канти наменети за собирање на отпад од пакување. 

-Активноста се реализира како дел од проектот со кој во Берово започнува процесот на складирано управување со отпадот. Новите канти за складирање на овој вид отпад доделени од Пакомак во следниот период ќе бидат распоредени на 200 домаќинства, а ќе значат почеток на складирано управување со отпадот, за семејствата во Берово и ќе  придонесат во засилување на системот за собирање на отпад, додадоа од Општина Берово.

Активностите за унапредување на системот за складирање на отпадот како што додадоа,  продолжува да биде приоритет на Општината и во следната 2023 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*