ОВР Берово со едукативна кампања за превенција од употреба на пиротехнички средства

Во Берово реализирани активности како дел од едукативната кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства. Активноста во соработка со Општина Берово ја реализираше ОВР Берово во пресрет на престојните празници.

-Поделени се флаери со едукативна содржина, за забрана на употреба на пиротехнички средства и можните последици кои можат да настанат од нивна употреба, информираа од Општината.

Целта на кампањата е превентивно делување  на свеста на граѓаните, особено околу новогодишните празници,  да не употребуваат пиротехнички  средства.

Од ОВР Берово апелираа до сите граѓани, да се воздржат од каква било употреба на петарди и други пиротехнички средства, при прославувањето на престојните празниците, не само поради предвидените законски санкции, туку и поради опасностите,  што ги носи употребата на овие средства,  по безбедноста, здравјето и животот на граѓаните.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*