Новогодишен концерт на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” од Делчево

Во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” во Делчево се одржа завршниот Новогодишен концерт. На концертот со свои кореографии настапија членовите на Фолклорната група ,,Вапцаров” и Пејачката група ,,Ѓурѓа”.

-Еве како што видовте полна сала, полно млади, покажаа голем репертоар од она што го умеат. Фолклорната група ,,Вапцаров” со крупни чекори граби напред и мислам дека овие девојки и момци во иднина ќе можат и професионално да се бават со оваа дејност. Исто така голема благодарност до Пејачката група Ѓурѓа која со својот настап даде свој печат на овој концерт. Сигурен сум дека нивните песни во наредниот период ќе бидат овековечени со издавање ЦД за да можат да се пеат и понатаму, рече Љупчо Петровски, в.д директор на Центарот за култура.

Кореографот на Фолклорната група ,,Вапцаров”, Кристијан Трајановски најави дека следната година како играорна група, ќе се потрудат со своите настапи да имаат уште поуспешна година.

-Вечерва се одржа нашиот завршен концерт, се претставивме со она што го изигравме во текот на целата година и секако со нови кореографии. На сите играорци им се заблагодарувам за нивното присуство и се надевам дека догодина ќе имаме уште многу успеси, рече Трајановски.

Новогодишниот концерт беше меѓу последните активности на Националната установа Центар за култура ,,Н.Ј.Вапцаров” за оваа година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*