Механџиски: Да се стави крај на нереалните ,,тврдења” за загаден воздух во Берово

Да се стави крај на нереалните тврдења за загадениот воздух во Берово, бидејки Малешевијата е еден од најчистите краеви во државата. Ова е пораката која денес ја упати Благој Механџиски, сопственик на компанијата Зегин, кој присуствуваше на Божиќната литија организирана во пресрет на Бадник, порачувајки дека треба да се стави крај на шпекулациите кои неодамна преку одредени мерења го окарактеризираа Берово како град кој е еден од најзагадените во Македонија.

-Пораката која што ќе ја дадам е до докторката од Јавно здравје која направи голема штета на Малешевскиот крај, која го даде своето мислење, не знам од кој е нарачано да каже нешто што не е вистина и што е надвор од реалноста. Од ова место каде гледате има еден вид мирен простест на младите, ќе кажеме дека овој крај, е крај кој е најчист во Македонија и е крај каде има најмногу озон и кислород. Овде има некаде над 370 автохтони растенија каде има раритени борови шуми каде се е ставено во служба на чистиот воздух, со кој се гордееме. Затоа сакам од овде да порачам јсно и гласно дека треба да ставиме крај на ваквите изјави и лажно авторитети, кои не се точни, рече Зегин.

Апелираше до посетителите да го посетат Малешевскиот крај, кој како што додаде е најчист крај, а беровчани како што посочи се најдобри домаќини, заради што ги покани туристите не само за Божиќните празници туку и за другите празници да го посетат Берово и да се уверат во чистиот воздух.

Зачудени од констатацијата за загаден воздух се и туристите кои денес ги затекнавме на Градскиот плоштад во Берово.

-Веќе трети ден како сум овде не сум осетил такво загдување. Можеби нема ветер и од греењето од дрва, но во Берово како што знам нема никаква индустрија, така шт нема од што да се загадува воздухот, истакна турист од Скопје.

Жителка на Берово исто така изрази зачуденост од констатацијата дека согласно одредени мерења воздухот во градот е загаден.

-Не знам на што се должи тоа, меѓутоа никогаш во Берово не бил загаден воздухот. Не знам од кај се нашол мерачот кој тврди дека во Берово е загаден воздухот, еве вие шетате и гледате и не замо и зиме и есен, туку во текот на целата година не е загаден воздухот, вели граѓанка на Берово.

Во светло на дебатите кои минатите денови се отворија најчесто на социјалните мрежи заради погрешно толкување и читање на резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот, Општина Берово и градоначалникот Звонко Пекевски официјално побараа одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање за официјалните мерења и мислење од министерството. 

Во интегралниот одговор кој општината го има добиено од министерството се вели дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух од мерното место во Берово од 1 декември 2022 година  до денес се бележат благи надминувања на среднодневната гранична вредност за РМ10 од 50 микрограми на метар кубен.  

-Во првата половина од месец декември 2022 се бележат само 2 надминувања од 51 микрограм на метар кубен, додека од втората половина на месецот па се до денес се бележат 15 дена со надмината среднодневна гранична вредност.  Надминувањата како што напоменавме се поблаги и се движат под 75 микрограми на метар кубен со исклучок на само еден ден 28.12.2022 кога била измерена среднодневна гранична вредност од 118 микрограми на метар кубен. Од тој ден има тренд на опаѓање на концентрациите при што на 3 јануари 2023 година среднодневната концентрација била 52 микрограми на метар кубен, брифираа од Општината повкувајки се на одговорот од Министерството за животна средина.

Праговите на информирање и алармирање за РМ10 од мерното место Берово како што додадоа не се надминати овој период. Според уредбата за гранични вредности не се дефинирани часовни гранични вредности за РМ10 и РМ2,5. За РМ10 се дефинирани среднодневна (50g/m3) и годишна гранична вредност (40g/m3), додека за РМ2.5 е дефинирана единствено годишна гранична вредност (25g/m3), потенцирајки дека нема надминувања на граничните вредности на другите параметри.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*