Во Делчево низа настани за 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев

Во Делчево во тек подготовките за одбележувањето на годишнината од раѓањето на великанот, визионер, револуционер и патрон на градот Гоце Делчев. Во рамки на настанот предвидени се низа содржини во организација на Општина Делчево и Јавната локална библиотека ,,Илинден”.

-За одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, нашата установа ќе одржи промоција на авторското дело
,,Дејноста на МРО во Пијанец од создавањето до крајот на Илинденското востание” од роднокрајниот автор Спиридон Митевски. Промоцијата е закажана за в петок (03.02.2023г.) во читалната на библиотеката со почеток во 13 часот, а по тој повод упатуваме покана до нашите читатели да присуствуваат на овој настан и оваа книга која е издадена минатата година за 150 годишнината од раѓањето на Делчев, рече директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Цетралниот настан како што истакнаа од општина Делчево е закажан за в сабота пред споменикот на великанот во центарот на градот.

-По тој повод, сабота (04.02.23), Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да оддадат почит кон ликот и делото на патронот на Делчево, Гоце Делчев. Со почеток од 10 часот предвидено е положување свежо цвеќе пред неговиот споменик каде членови на Културно-уметничкото друштво Гоце Делчев ќе прочитаат реферат за неговиот живот и дело, додадоа од Општина Делчево.

Оттаму додадоа дека гости од други држави не се најавени, потенцирајки дека настанот е дел од годишната програма за одбележување настани и културни манифестации за 2023 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*