Парична поддршка од Општина Делчево за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

На иницијатива на градоначалникот Горан Трајковски денеска Советот на Општина Делчево одржа Вонредна седница на која беше донесена Одлука за доделување парична помош од Буџетот на Општина Делчево за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Советниците едногласно ја поддржаа Одлуката со која од Буџетот на Општината ќе се издвојат 120.000 денари кои ќе се распределат по 60.000 денари на двете земји.

Средствата ќе се уплатат на солидарниот фонд на Црвениот крст на РСМ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*