Во Делчево одбележан Светскиот ден на мајчиниот јазик

Јавната локална библиотека „Илинден“ го одбележа 21 Февруари, Светски ден на мајчиниот јазик. Годишното одбележување како што истакна директорката на библиотеката Биљана Петровска се реализираше во соработка со основните училишта од Делчево.

-Мотото на годинешното одбележување  е „Јазикот не е само зборови. Тој е култура, традиција, унифицираност на општеството, цела историја која го прикажува општеството какво што е.“ Во рамки на настанот седмооделенки при ООУ„Ванчо Прке“ ни читаа на тема мајчин јазик, додека второоделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“  иако мали сепак со  помош на нивните наставнички,  рецитираа и пееја песнички, рече Петровска.

Јазикот на еден народ како што истакна пред псиутните е негово духовно богатство и наследство оружје и културен белег на секоја заедница. 

-Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Нашиот мајчин јазик е македонскиот, а како таков тој постои долго време. Долга е историјата на неговото создавање – од некогашна глаголица, па до денешна кирилица. Денес македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик. Но сепак, тоа не значи дека тука треба да застанеме. Напротив, јазикот е непресушен извор, кој треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред се да се зачува чистината на убавиот македонски збор, додаде Петровска.

Од ЈЛБ „Илинден“ упатија огромна благодарност до основните училишта во градот за добрата соработка, најавувајки дека соработката продолжува и при реализацијата на други значајни датуми од областа на културата. 

Видео од целиот настан ТУКА

Рецитал подготвен од учениците од ООУ „Ванчо Прке“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*