Потпишан договорот од проектот „Инклузија на деца Роми” во детската градинка

Во детската градинка „Весели цветови“ во Делчево и во оваа учебна 2022/23 година ќе бидат згрижени 15 деца – Роми на возраст од 3 до 6 години кои се во социјален ризик, а во рамките на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи– детски градинки“. Договорот за реализација на проектот беше потпишан денеска од градоначалникот Горан Трајковски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и директорката на детската градинка „Весели Цветови“ Билјана Симовска на настан организиран до МТСП каде беа презентирани и резултатите од спроведување на проектот во учебната 2021/2022 година.

Целта на Проектот кој се реализира 17 години е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација, како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*