Краток историјат за Селник, село кое според последниот попис е без жители

Селник — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.

Селник се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Бугарија. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 880 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 11,1 км2. Селото е оддалечено 17 км од Делчево.

Во почетокот на XX век, Селник било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар, шумите зафаќаат површина од 442 ха, на пасишта отпаѓаат 348 ха, а на обработливо земјиште 266 ха.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селник живееле 120 жители, сите Македонци. По податоците на

Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 112 жители Македонци.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 28 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Киселица во склоп на Делчевската околија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.

ИЗБИРАЧКО МЕСТО

Во селото постои избирачко место бр. 0599 според Државната изборна комисија, кое е сместено во трпезаријата во дворот на црквата „Св. Петка“.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.

АРХЕОЛОШКИ НАОЃАЛИШТА

Кадин Чифлик — населба од доцноантичко време

ЦРКВИ

Црква „Св. Петка“ — главна селска црква

Родени во Драмче
Трајан Гоцевски (р. 1950) — македонски економист и политичар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*