ФЛЕКС КРЕДИТ – КОМПАНИЈА СО ВИСОКА СВЕСНОСТ ЗА РАМНОПРАВНОСТА НА ЖЕНИТЕ, ГИ НАГРАДИ СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ СО ПАТУВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ

ФЛЕКС КРЕДИТ – КОМПАНИЈА СО ВИСОКА СВЕСНОСТ ЗА РАМНОПРАВНОСТА НА ЖЕНИТЕ, ГИ НАГРАДИ СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ СО ПАТУВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ.

Како компанија која континуирано вложува во добросостојбата на своите вработени и компанија во која бројот на вработени жени е 60% од вкупниот број на вработени, континуирано ја докажуваме битната улога на жените во опшеството со тоа што работиме на подигање на свеста за подобрување на правата на жените, нивно изедначување со мажите и еднаков пристап во сите сфери на општественото живеење.

Оваа година Флекс Кредит како компанија со висока свесност за значењето на жената во нашето опшество, по повод 8-ми Март, решивме да ги изненадиме колешките со еден прекрасен гест, патување во Истанбул за група од единаесет жени кои беа избрани по случаен избор. На останатите колешки доделивме вредносни ваучери и ветување за уште многу заеднички патувања во иднина.

   Со прекрасни фотографии, спомени и вкусен локум се вратија и го споделија со нас искуството кое го доживеаа во прекрасниот Истанбул.

 “ Да си ја сакаш работата и компанијата во која работиш е сон на многу луѓе. Благодарение на нашата компанија, ние го живееме нашиот сон Флекс Кредит, е емоција, а ние сме големо семејство. Благодариме на ФЛЕКС КРЕДИТ за ова наградно патување на единаесет од нас, – Вели Јасна Николовска која работи на позиција Ареа Менаџер и Интернационален тренер и е една од среќничките кои го посетија Истанбул.

   Со целосно посветување на време и  внимание на нашите вработени сакаме да претставуваме пример како еден голем тим, со многу различни членови во него, од различни градови, села и населени места, етничка припадност, образование, возрасти, религии, претходно искуство, карактери, различни желби,  може да функционира како перфектна целина од луѓе кои заеднички се трудат да ги остварат своите цели и целите на компанијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*