Шукова: Општина Делчево пример за ,,зелена” општина која вложува во постоечките ресурси

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денес оствари работна посета на општина Делчево во чии рамки заедно со градоначалникот Горан Трајковски направат увид на текот на работите за изградба на пречистителната станица за вода за пиење во село Тработивиште која е дел од проектот „Подобрување на водоснабдувањето на Делчево“.

Како што истакна Шукова, Министерството за живитна средина и просторно планирање како и досега ќе продолжи да поддржува проекти кои се за добробит на граѓаните, особено во делот на водоснабдувањето.

-Ние максимално го поддржуваме овој проект и го даваме сето она што е потребно на Општината за да може да го реализира овој проект. Воедно сакам да кажеме дека секогаш кога имаме вакви проекти кои што имаат најдобро достапни техники, особено кога ги вклучуваат компонентите на фотоволтаиците во нели да можеме сами да произведуваме електрична енергија да не трошиме средства во таа смисла, меѓу другото ја прави Општината Делчево една од ,,зелените” општини, внимава како ги троши своите ресурси и заради тоа активно се вклучува во проекти кои имаат зелена компонента, рече Шукова.

Апелираше овој пример да го следат и останатите општини и да се однесуваат одговорно и во иднина. Напомена дека на средбата со градоначалникот Трајковски разговарале и за тековните проекти кои ги реализираат заеднички со Министерството и можностите за идна соработка потенцирајки дека остануваат отворени за соработка, поддржувајки ги проектите кои се во надлежност на Министерството.

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски додаде дека ова е најголем проект од постоењето на Општина Делчево, не само поради финансиската конструкција  туку и по неговата суштинската вредност, бидејки преку проектот се обезбедува чиста вода за пиење за наредните генерации.

-Ова е објект кој по најсовремени технолошки методи ќе ја преработува водата и ќе испорачува вода со висок квалитет до жителите на Општина Делчево. Реализацијата на проектот е со предвиденото темпо и проектот е во напредна фаза. Во изминатите денови се воведе во работа и економскиит оператор кој ќе ја гради фотоволтаичната централа која ќе биде со номинален капацитет со 500 киловолти така што со тоа би требало да бидат обезбедени половина од потребите за произведена електрична енергија да бидат обезбедени за бунарите и филтер станицата, рече Трајковски.

Досега во рамки на градежните активности како што додаде е извршена реконструкција на прекидната комора од браната Лошана и реконструкција на пумпната станица во Делчево, а во тек се работите во Ѕвегор и Габрово.

М- Таму работите се некаде со реализација од 40 проценти и со задоволство сакам да истакнам дека на Седницата која ја имавме на Управниот одбор се донесе одлука и предлог до СЕКО да биде предложена за проширување на проектот со нови 1,5 милиони швајцарски франци кои што ќе бидат инвестирани во изградба на нов резервоар на месноста викана Чука и реконструкција на бунарите во село Тработивиште. Ова е добра инвестиција, мислам дека ќе биде одобрено од СЕКО, а исто од Министерството за животна средина ќе бидат обезбедени средства за реконструкција на пумпната станица во село Вирчеи на водоводната мрежа со што ќе решиме децениски проблем на жителите од ова место, додаде Трајковски.

https://youtu.be/2pk2jO-_75M

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*