Градоначалникот на Берово учествува на Меѓународната конференција за енергетско и климатско планирање во Турција

Градоначалникот Звонко Пекевски е претставник на Општина Берово на Меѓународната конференција за енергетско и климатско планирање на ГИЗ која се одржува во Истанбул, Турција. Темата на конференцијата е размена на идеи и искуства за пристап во управувањето со климатските промени.

-Разменивме идеи и искуства за пристапот,  на повеќе нивоа на управување со климатските промени, за време на дискусиите на работната група. Сметам дека на глобално ниво, постои значителен потенцијал за подобрување на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија и затоа треба да се работи многу, со цел да се усогласи законодавството, со реалните потреби, информираше Пекевски.

Настанот како што додаде е организиран како дел од проектот ЕУ  за енергетска транзиција.

-Настанот го отвори Регионалниот проект менаџер во Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа- енергетика, транспорт и заштита на климата , Дубравка Бошњак,  која истакна дека пристапот на повеќестепеното управување,  инхереннтно промовира заедничка одговорност меѓу локалните и државните власти и за самиот процес на креирање политики и за последователната имплементација, додаде Пекевски.

На Меѓународната конференција Пекевски учествува заедно со повеќе градоначалници од Југоисточна Европа, меѓу кои и градоначалници од неколку општини во Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*