Во Берово одржана завршна прес-конференција од проектот ,,Волонтери преку граница”

Во Берово на завршна прес-конференција презентирани резултатите од прекуграничниот проект ,,Волонтери преку граница”, кој што Општина Берово го реализираше во партнерство со Здружението на граѓани ,,Заедно за Сандански” од Р.Бугарија.

Во рамки на проектот како што истакна координаторката Наташа Каламадевска реализирани се активности за зголемување на капацитетот на општините во пограничниот регион, во насока на прилагодување кон климатските промени и ублажување на ефектите во непредвидени ситуации.

-Придобивките од овој проект се големи, капацитетите за справување со природни катастрофи се унапредени во големи размери со цел да бидеме подготвени, но, да се надеваме дека што помалку ќе имаме потреба да ги користиме. Резултатите од проектот се: ограничување на штетите од природни катастрофи, заштита на населението и животната средина, во прекуграничниот регион и зголемен капацитет на волонтери и млади од прекуграничниот регион, за справување со природни катастрофи, одржливо прекугранично партнерство на полето на превенција, справување и спасување од елементарни непогоди, рече Каламадевска.

Вкупната вредност на проектот е 397.4 илјади евра, а како дел од реализацијата на проектот Општина Берово доби специјализирано возило и опрема со модули за справување со поплави, пожари и снег.

-Со оваа опрема очекуваме полесно справување во случај на природни катастрофи и полесно надминување на последиците од истите. Исто така зголемени се капацитетите за заштита на животот и здравјето на населението од општините Берово, Сандански, Струмјани и Кресна.
Заедно со мојот колега градоначалник, од општина Струмјани, сме задоволни од реализацијата на проектот, ги искажавме своите впечатоци од реализацијата на проектот, преку кои, се надеваме ќе бидеме подготвени во решавање на прашања, поврзани со заштитата на природните богатства и биодиверзитетот и одржливо ќе ги користиме природните ресурси, силно посветувајќи се на заштитата на животната средина, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Емул Илиев градоначалник на Општина Струмјани додаде дека потребно е обединување на напорите на сите одговорни институции- јавни и приватни, како и активно вклучување на локалните заедници во активностите за намалување на ризикот од катастрофи, се со цел значително да ги намалат човечките, социјалните, економските и природните штети.

Во рамки на проектот во изминатиот период како дел од зголемувањето на волонтерските капацитети за спречување и управување и надминување на природните катастрофи беа реализирани неколку обуки за волонтери, кои во рамките на денешниот настан ги добија своите сертификати.

Проект CB006.2.12.117 “Волонтери преку граница” е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија.

Видео: https://fb.watch/jkfGJeMl3D/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*