
28.03.2023 ЗП ДЕЛЧЕВО
Според програмата за за спроведување на изборните активности на здружението на пензионери Делчево, на предлог на претседателот на собранието и извршниот одбор,на седницата одржана на 26.02.2023 година, донесе одлука за распишување редовни избори на ЗП Делчево за мандат од 4 години 2023 – 2027 година.
По спроведените изборни состаноци во 14 ограноци на ЗП се изберени 31 делегат во здружението на пензионери и претседатели на ограноците.
На 28.03.2023 ЗП го одржа првото собрание за верификација на ново изберените делегати.
На собранието делегатите го избраа новиот претседател. За претседател беше предложена и избрана Прим.Др.Виолета Арсова досегашна претседателка на ЗП.
Leave a Reply