
Како дел од наставната програма учениците од 8-3 и 9-2 одделение имаат час за запознавање со македонската народна традиција.
Учениците од ООУ,,Св.Климент Охридски” Делчево со наставникот Горан Ќурчиски, денес по тој повод беа гости во Центарот за култура и се запознаа со народните носии и активностите на Фолклорната група при Национална установа Центар за култура,, Никола Јонков Вапцаров” -Делчево.
На крај на часот, како што доликува при посета на Фолклорната група сите заедно заиграа едно од нашите изворни ора, информираа од НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров”.

Leave a Reply