Завршна презентација од проектот ,,Одговорни пред одговорностите” во Делчево

Во Делчево одржана завршна презентација од проектот ,,Одговорни пред одговорностите” во чии рамки во изминатиот период беше реализирана иницијативата ,,Го сакам Голак”. Настанот го организираше хуманитарното здружение Бравура Кооператива, чиј извршен директор Александар Николов очекува континуитет на оваа иницијатива со цел да се даде придонес во развојот на планината Голак.

-Ова е една од завршните презентации од проектот ,,Одговорни пред одговорностите” поточно иницијативата ,,Го сакам Голак”. Тоа не значи дека е крај, туку еден нов почеток на одржан континуитет на нашата иницијатива  на нашите планови и на нашите заложби, а тоа е да допринесеме кон ревитализација на Голак. Знаеме што значи Голак за нас, во изминатиот период направивме повеќе иницијативи, во чии рамки имавме урбана масовност и заинтересираност на граѓаните и нивно приклучување и мобилизација кон самата иницијатива, рече Николов.

Од досегашната реализација на проектот, извршниот директор на делчевското здружение напомена неколку главни точки на чија реализација во иднина треба да се обрне внимание.

-Еден од моментите беше контактите со засегнатите страни и граѓани кои имаат свој интерес на планината Голак за нивните инфраструктурни проблеми, да не го заборавиме цивилниот момент и младинците кои споделија своја информација за потребите и значењето на Голак. Направена е анализа од аспект на економско значење за развој на Голак како и социо-економски бенефити и предности за Голак, така што дојдовме на крајот на нашата иницијатива со која продолжуваме и понатаму потсетувајки ги одговорните кон нивните одговорности, додаде Николов.

Оваа активност е дел од проектот,,Да се реализира ветеното“ и е во рамките на проектот ,, Подршка на изборни реформи“  на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација, за изборни системи (ИФЕС).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*