Завршен настан од проектот ,,Да се реализира ветеното” во Делчево

Во Делчево се одржа завршниот настан од имплементацијата на проектот ,,Да се реализира ветеното”. Зоран Биковски од Невладината организација КХАМ која е  имлементатор на проектот истакна дека на завршната презентација граѓанските организации и претставници на локалната самоуправа ги заокружија придобивките од спроведувањето на овој проект. 

-Најпрво сакам да кажам дека сум пресреќен што навистина реално се вмрежија граѓанските организации кои се обединија околу една заедничка цел. Имаше конкурс оваа година и се распределија средства за Граѓанските организации, а добивме и повратен одговор од заедницата за тоа како тие ги перцепираат работите на Граѓанските организации. Повеќе од 70 проценти одговорија дека граѓанските организација ја реализираат својата мисија, постојат за своите конституенти, а дури 90 проценти одговорија дека треба да бидеме поддржани. На тој начин сакаме да кажеме дека граѓанскиот сектор е значителен фактор во квалитетот на живеење на самите граѓани во Општина Делчево, рече Биковски.

Со овој проект како што додаде координаторот на проектот преку извршениот мониторинг, донесувачите на одлуки се поттикнати тоа што го ветуваат и да биде реализирано.

-Она што е најважно е дека сакаме да испратиме сериозна порака на оние што сакаат да се кандидираат на наредните локални или парламентарни избори дека своите ветувања кои ги даваат треба  да ги реализираат. Фополнителна вредност е што во овие 6 месеци се помогна на едно сиромашно семејство да се реши проблемот со домувањето, се вработија лица кои се во социјален ризик, заеднички спроведовме неколку активности со граѓанските организации за едукација на заедницата на нивните целни групи, заеднички покажавме дека грижата на граѓаните ни е на први место, додаде Биковски.

Со реализацијата на проектот Граѓанските организации како што подвлече се на чекор сме од креирањето Стратегија за соработка помеѓу Граѓанскиот сектор и Локалната самоуправа, што според него е во интерес на граѓаните и на самите институции.

Во врска до изработката на втората Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор, советникот за односи со јавност при Општина Делчево Даниела Такева ја информираше јавноста дека по средување на административните процедури со партнерот на Општина Делчево, Регионален центар за застапување, со кого има потпишано Меморандум за соработка и со донаторот, ќе следува процес на изработка на Стратегијата во кој ќе бидат вклучени сите активни чинители, претставници на граѓанскиот сектор во Општина Делчево.

-Ова ќе значи континуитет во соработката со граѓанскиот сектор, градење и унапредување на партнерството меѓу Општината и граѓанскиот сектор, поттикнување на граѓанскиот активизам во општината, унапредување на соработката со организациите и придонес кон нивен постојан развој. Овој стратешки документ и активностите предвидени во него ќе претставуваат водечка рамка за политиката на општината кон граѓанскиот сектор и кон поттикнување на граѓаните да се вклучат во креирањето на локалните политики, рече Такева. 

Изработката на Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор како што додаде е согласно со планот и програмата на Општина Делчево и за таа цел уште во текот на минатата година е потпишан Меморандум за соработка со РЦЗ. 

Проектот,,Да се реализира ветеното“ се реализира во рамките на проектот ,, Подршка на изборни реформи“  на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација, за изборни системи (ИФЕС).  Искажаните ставови, мислења и содржини во оваа публикација не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*