Во Пехчево пригодна програма за Велигденските празници

Домот на култура ,,Јане Сандански” од Пехчево со повеќе активности ќе ги одбележи претстојните Велигденски празници. Во рамки на програмата како што информираше директорката Валентина Веселинска предвидено е стенд-ап комедија, како и голем концерт на Културно-уметничкото друштво ,,Јане Сандански”.

-Одбележувањето на најголемиот православен христијански празник Велигден ќе го започнеме во петок (14.04.2023) со стенд-ап комедија во изведба на Бојан Велевски со почеток во 20 часот. Во вторник (18.04.2023) на последниот ден од Велигден е предвидена изложба на Велигденски украсени јајца и голем концерт на КУД,, Јане Сандански” Пехчево, истакна Веселинска.

На концертот, како што додаде ќе настапат повеке од 80 учесници од најмалата до највозрасната група.

-Оваа година на концертот ке учествуваат и наши поранешни членови при КУД,, Јане Сандански”, со што сите заедно со оро и песна заедно со кореографот Никола Каракашов, во најубаво светло ке го претставиме нашиот град. Негувањето на  традицијата, фолклорот и уметноста во нашиот крај ќе го прикажеме преку изведба на традиционални ора од нашата Малешевија, додаде директорката на пехчевскиот дом на култура. вс/

Од Домот на култура ,,Јане Сандански” упатија отворен повик до граѓаните на Пехчево да ја проследат програмата, со што ќе дадат свој придонес во одбележувањето на големиот христијански празник Велигден.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*