Делчево го слави великанот Методија Митевски – Брицо, пред 60 години гимназијата го доби неговото име

Методија Митевски Брицо (15 април 1924 во Делчево ― 1962 крај Охрид) — еден од најпознатите организатори и учесник во НОБ. Роден е на 15 април 1924 г. во Делчево, во сиромашно семејство од татко Зафир – занаетчија бербер и мајка Зуица, домаќинкa. Основното образование го завршува во Делчево, а понатамошното школување го продолжува во Штип.

Тој со своето знаење и со своите стремежи за слобода и независност на македонскиот народ, му овозможува да стане член на револуционерното движење . Тој редовно присуствувал во тајните кружоци на ова дружина која била предводена од Ванчо Прке и активно се вклучува во организацијата на младите Пијанец, со една главна цел, да ја ослободат Македонија.

Гимназија завршува во Штип, а правен факултет во Скопје. Брицо и покрај тоа што е учесник во НОБ од 1941 г. тој е и член на СКОЈ, а во комунистичката партија на Македонија е примен во 1943 г.Тој е првиот секретар на националниот комитет на Малеш и Пијанец претседател на Штипската и Малешевската околија, секретар на околниот комитет на КПМ во Битола.

Брицо зазема доста високи функции во владата на Македонија како секретар, а во 1960 г. е наименуван за државен секретар по замјоделие и шумарство, а истовремено и потпретседател на извршниот совет во Македонија и како член на Полит-бирото ЦК ЦКМ, и пратеник на Народното собрание на Македонија. Тој добивал и повеќе ордени меѓу кои најзначајни се: Орден за заслуги за народот од II ред и Орден братство и единстви од II ред.

Брицо живеел 38 години од неговиот живот, но целосно поставен за Македонија. Тој несреќно загинува во водите на Охридското Езеро.

Гимназијата која го носи неговото име вчера го одбележа патрониот празник во чии рамки бепе положено цвеќе пред бистата на великанот, по што следуваше пригодна програма во свечената сала во училиштето.

Во својот говор директорката Дијана Цонева истакна дека визијата кон која установата се стреми да ја оствари е создавање училиште во кое на учениците ќе им биде понудено квалитетни знаења, услови за развивање на креативноста и истражувачкиот дух, стекнување на самостојност и самодоверба. меѓусебно почитување и изучување на културата на живеење. Во продолжение интегралниот говор на директорката Цонева.

-Почитуван градоначалник, почитувани гости, почитувани професори, ученици и вработени

Добредојдовте на одбележувањето на Патронот на нашето училиште – МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО.

Во учебната 1961/62 во Делчево се појави првата средношколска институција во ова подрачје под името “Брака Миладинови”. Името е променето во 1963 во Методи Митевски Брицо.

Методи Митевски Брицо е еден од најпознатите организатори и учесници во НОБ. Роден на 15 април 1924г. во Делчево, животот го завршува во 1962г. во водите на Охридското Езеро. Тој даде голем придонес во општествениот економскиот и образовниот развој на градот Делчево,

Оваа гимназија имаше за цел да образува кадри за понатамошен побрз стопански и општествен развој во оваа подрачје. Бројот на учениците во оваа гимназија постепено се зголемува, а особено од учебната 1975/76 година со воведувањето на повеќе струки. Оттогаш па до денес бројот на учениците е поголем.

Визијата која нашето училиште ја остварува е да создадеме училиште во кое на учениците ќе им понудиме квалитетни знаења, услови за развивање на креативноста и истражувачкиот дух, стекнување на самостојност и самодоверба. меѓусебно почитување и изучување на културата на живеење.

Главните цели на училиштето се учениците да се здобијат со трајни и употребливи знаења, со креативни и практични вештини овозможувајќи им своите интереси и способности да ги применат во сите области на работата и животот.

Во овие бурни времиња, со својот труд, посветеност, креативност и емпатија Докажавме дека образованието е најмоќното оружје со што може да го промените светот Станавме училиште со современ образовен процес кое нуди поддршка на Детските права и мултикултурализмот, инклузивноста, ефективноста, здравјето, сигурноста и безбедноста. Заеднички ја реализираме нашата визија да создадеме ефективно и модерно училиште во кое ученикот и неговите потреби се во центарот преку интерактивна соработка меѓу учениците, наставниците и родителите. Опстојуваме како училиште со здрава клима и пријатна атмосфера за работа во кое создаваме личности со високи вредности кои ги знаат своите права и одговорности. Го негуваме меѓусебното почитување и толеранција и градиме взаемна доверба и почит.

Шеесет и две години постоење е сериозна бројка во која младоста и зрелоста се обединуваат, а продуктивноста е на највисоко ниво. Нашите ученици секоја година учествуваат на многу регионални и државни натпревари каде добиваат голем број награди и признанија.

СОУ „Методи Митевски Брицо Делчево ја отпочна реализацијата на проектот Чекор по чекор – за професионален развој, во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Методи Митевски Брицо е повторно СУПЕРУЧИЛИШТЕ во програмата на долгорочно партнерство, со проектот Don’t Give Up.

Во училиштето функционира и Ученичка заедница. Училишната ученичка заедница е највисока форма на организирање и дејствување на учениците во училиштето Таа овозможува учениците да бидат активно вклучени во училишниот живот, да го искажат своето мислење и самостојно да ги решаваат проблемите поврзани со нивниот живот и работа во училиштето. Методи Митевски Брицо” ќе биде домот кому секогаш со задоволство ќе му се враќаме, затоа што многумина од нас тука ги стекнаа корените на тоа што се денес успешни луѓе со успешна кариера Наша задача е традицијата да ја сочуваме и пренесеме на идните генерации како нешто свето, како жив оган.

Се гордеам што како ученик на ова училиште денес ја имам честа да управувам со него. Пред нас се уште многу предизвици, но зад нас е 62 годишно постоење, години исполнети со многу успеси и проекти. Заедно да чекориме напред кон иднината следејќи ја нашата цел.

Нека ни е честит Патрониот празник на училиштето!, истакна Цонева во својот говор пред присутните.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски на кој му беше доделено признание за неговиот придонес во развој на установата додаде дека делчевската гимназија е гордост на градот Делчево.

-Денеска кога СОУ „М.М.Брицо“ одбележува 99 години од раѓањето на патронот Методи Митевски –Брицо, како и 62-години од постоењето на оваа образовна институција во Делчево, ќе потенцирам дека делчевската гимназија е нашата гордост.

Како единствено средно училиште во градот, СОУ „М.М.Брицо“ во Делчево веќе 62 години успешно ги спојува гимназиската и стручната насока и образова, воспитува и гради генерации и генерации млади луѓе кои утре ќе дадат свој придонес во развојот на нашиот град, држава.

Ми претставува посебна гордост што ова училиште редовно учествува на натпрвари за иновации, реди награди и признанија и отвора нови можности и перспективи на младите генерации. Натпреварот во знаења е предизвик и треба максимално да се искорити и да биде водилка и на учениците и на наставниот кадар.

Им посакувам успешна работа, уште многу успеси во иднина. Нека е за многу години патрониот празник, рече Трајковски.

Во продолжение видео од целиот настан органзииран по повод 62 години од почетокот на средното образование во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*