Во Делчево одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право

Годинава Јавната локална библиотека „Илинден“ Светскиот ден на книгата и авторското право денес го одбележува заедно со школската библиотеката на ООУ „Ванчо Прке“.

-Учениците од училиштето по тој повод ќе читаат мудри изреки посветени на книгата. Библиотеката пак, на училиштето ќе му подари книги кои ќе бидат на располагање на учениците, истакна директорката Петровска.

Светскиот ден на книгата како што додаде е посветен за промовирање на навиките за читање, објавување и авторски права. Овој ден е посветен на љубителите на книгата низ целиот свет.

Светскиот ден на книгата и авторското право почна да се празнува од 1995 година, а е прогласен од УНЕСКО за да им се даде признание на книгите и на писателите. Датумот е избран затоа што токму на овој ден во 1616 година починале двајца великани на книжевноста – Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*