Движењето Македонска Ера Трета во Делчево го претстави акциониот план за структурни промени

Во Делчево претставен акциониот план на движењето Македонска Ера Трета/Македонски Независни Листи. Дел од ова движење е и поранешниот македонски амбасадор во Турција, Горан Тасковски кој истакна дека благодарение на неговиот ангажман како амбасадор, стекнал доста пријатели со чија поддршка сака да иницира структурни промени со цел реорганизација на Македонија.

-Она сето што го започнав во периодот додека бев амбасадор сакам да го продолжам сега и во Македонија. Се работи за движење Македонска ера трета, кое има за цел да ја промени Македонија структурно, односно да се реорганизира. За таа цел со нашите пријатели и соработници од Турција сакаме во Македонија да инвестираме значителни финансии во повеќе области, особено во земјоделието по што е познат вашиот крај. Затоа овде сакаме овде во Делчево да го презентираме нашиот акционен план, што ние конкретно сакаме да направиме во таа област и не само во оваа област туку како што кажав и во останатите области, рече Тасковски.

Како движење главната порака која сакаат да им ја пренесат на граѓаните е да им го доближат концептот на вистинскиот патриотизам кон државата.

-Сакаме со дела да му покажеме на народот дека не ти треба државна и локална власт за да правиш добри дела за својата земја. Потребно е срце, малку патриотизам и љубов кон сопствената држава и народ. За да биде тоа така мора да ја промениме матрицата, бидејки ако сакаме тоа да профункционира потребна е огромна поддршка од народот.Тоа ќе го тераме до крај преку нашиот акционен план кој има решение за се во Македонија, додаде Тасковски.

Македонска ера трета/македонски независни листи како што подвлече Тасковски веќе трета година активно работи на терен да ја смени Македонија на подобро. Според него излез за државата има, а соработниците од Турција кои се по потекло од Македонија со значителен број на проекти и финансии ќе бидат тука да помогнат во тој процес.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*