Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица

Сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица е нормализиран, откако истиот беше во прекин поради сообраќајна несреќа во која учествувале камион и комби кај месноста Манасово Маало.

Од делчевската полиција информираа дека увидот е завршен, а сообраќајот целосно нормализиран околу 16:45 часот.

Во сообраќајната несреќа на повреда се пожалил возачот на камионот, кој како што информираа од Итната медицинска помош од Делчево со нивно возило е пренесен на понатамошно иследување во Клиничка болница Штип. 

Причините за несреќата не се познати, иако од полициски извори МИА дознава дека шоферот на комби возилото бил пронајден во М.Каменица каде е запрен од страна на каменичката полиција. Повеќе детали за слулајот од полицијата најавија во текот на вечерта.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*