Општина Делчево за прв пат се приклучува на пролетната акција ,,Генералка Викенд 2023″

Заедно со Пивара Скопје, Пакомак во парнерство со Шпаркасе Банка и Нула Отпад, и со поддршка на Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, Мен енд Маунтен ја организираат најголемата еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД на 12 мај 2023 година во општина Делчево.

Општина Делчево за прв пат се приклучува на пролетната акција ,,Генералка Викенд 2023″.  Во активностите кои ќе се одржат претстојниот петок ќе се вклучи и Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница”.

Локациите каде што ќе се врши чистење е:
Зад кожара Индустриска зона

Излезете, соберете го отпадот од вашата непосредна околина и придонесете за поздрава и позелена иднина за сите!

Целта е да се собере и селектира што е можно повеќе отпад, што потоа ќе се однесе и измери до најблиската ПАКОМАК, Нула Отпад или локалната комунална станица за отпад. За секои 10 килограми отпад Министерството за земјоделство ќе посвети по едно дрво во својот годишен план за пошумување нови шуми наречени „СОНЧЕВА ГОРА“ – национални зелени споменици што ќе растат секоја година.

Годинава ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД се спроведува во 53 општини и во повеќе од 400 училишта низ државата, вклучително и во Град Скопје.

Акцијата за чистење GENERALKA WEEKEND 2023 е една од активностите што ги спроведуваме за да придонесеме за подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно влијание врз зачувувањето на животната средина.

ДА СЕ ИЗВАЛКАМЕ И ДА ЧИСТИМЕ!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*