
Во Берово реализирана еколошката акција Генералка викенд која ја организира Мен Енд Маунтен во партнерство со Општина Берово, Пивара Скопје, Пакомак, Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство.
Во рамки на акцијата во Берово се чистеше на неколку локации со учество на повеќе установи и институции од градот
-Со оваа акција уште еднаш покажуваме дека се грижиме за животната средина и придонесуваме таа да биде чиста и средена.
Благодарност до вработените во Општина Берово, комуналното претпријатие ,,Услуга” Берово, деветолетките ,,Дедо Иљо Малешевски” и ,,Никола Петров Русински”, гимназијата ,,Ацо Русковски”, Детската градинка ,,23 Август”, Дом за стари лица ,,др. Иван Влашки”, ,,Национални шуми” , Дом на културата ,,Димитар Беровски” и до сите кои се вклучија и придонесоа за намалување на отпадот, истакнаа од општината.

По завршувањето на акцијата на плоштадот ,,Димитар Беровски” се одржа забавно едукативниот настан ,,Сончева Тепсија”.
-Беа пренесени многу еколошки пораки низ забава, ревија и рецитал од страна на децата од детската градинка ,,23 Август” од Берово, учениците од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” , ООУ ,,Никола Петров Русински” и ОСУ ,,Ацо Русковски” и КУД ,,Димитар Беровски”, додадоа од Општина Берово.
Акцијата за чистење Генералка Викенд 2023, како што подвлекоа е една од активностите кои се спроведуваат за да се даде придонес во подигнување на јавната свест, за потребата од собирање и рециклирање на отпадот со цел позитивно влијаење за зачувување на животната средина
Leave a Reply