Трето место за Пингпонгарскиот клуб ,,Зегин” во сениорска конкуренција

Екипата на ППК Зегин од Берово го освои третото место во сениорска конкуренција на Македонија, откако денес во возбудлив полуфинален натпревар загуби од екипата на Младост 96 со резултат 1:4 за прилепчани.

-Благодарам на организацијата која беше одлична, екипата на ППК Зегин беше достоен противник иако резултатот е 4:1 за нас, не е толку убедлив на хартија. Го чекаме противникот од вториот полуфинален натпревар кој се игра во Штип, помеѓу екипите на Телеком НЕЦ и Шампиони ФА, истакна Гоце Тошевски, тренер на екипата на Младост 96.

Потпретседателот на пинг-понгарската федерација на Македонија, Златко Рикаловски се заблагодари на домаќинот за организацијата на денешниот полуфинален натпревар во пинг понг, кој рече дека бил одигран во духот на фер плеј играта.

-Му посакувам многу успех на домашниот тим во понатамошните натпревари, третото место е голем успех за овој млад тим, тој проникнува во еден сериозен клуб и секој посакува во државата да постои еден ваков клуб, рече Рикаловски.

Спонзорот на клубот Благој Механџиски потенцираше дека ќе продолжи со поддршката на младите спортисти, не само во пинг понгот, туку и во другите спортови како што тоа го правел и досега.

По завршувањето на натпреварите на свечена церемонија во Ловен дом Берово беа презентирани сите достигнувања на клубот од Берово,  при што тренерот на ППК Зегин, Јован Ковачовски, потенцираше дека само оваа година ППК ,,Зегин” се закитил со 65 медали во сите конкуренции. 

Повеќе за настанот во изјавите и видеата во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*