Промовирана книгата ,,Лондонски Разгледници” од авторот Васил Маневски

Во фоајето на Спомен домот АСНОМ синоќа во Делчево беше промовирана книгата ,,Лондонски Разгледници” од авторот Васил Маневски. Промоторот Миле Ѓорѓијоски и рецензент истакна дека книгата претставува поетска разгледница на Лондон, но и приказ за вековната мисла ,,Туѓината пуста да остане”. 

-Поетот, а во оваа збирка поезија патеписец, преку своето раскошко поетско раскажување не води низ сите познати и не познати белези на Лондон, градот во кој подолго време живеат неговите внуци, снаата и синот.

Помешани се чувствата на радост што тој е во Лондон и што одблизу може да го запознае градот и тага што тука веќе подолго се неговите најблиски. Се чувствува и стравот дека можеби еден ден тие ќе останат тука далеку од неговото Тработивиште, Делчево, Македонија, вели писателот Ѓорѓијоски.

Со читање извадоци од збирката ,,Лондонски Разгледници” промоцијата беше збогатена со настап на делчевското Експериментално театарче.

Посебен белег на настанот му даде учеството на групата Македонци кои со познатото лондонско такси возило Black Cab во изминатите 10 дена го реализираа своето хуманитарно патување кое започна од Велика Британија, а заврши во Македонија. 

Промоцијата на книгата ,,Лондонски Разгледници” се реализираше во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров” од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*