
Делегација на општина Берово денес беше во посета на новоосветената црква Св.Злата Мегленска во Загреб Р.Хрватска, црквата во која сослужуваат протоереј Ставрофор Кирко Велински и отец Дејан Белчовски по потекло од село Русиново.










Чинот на осветувањето на 21.05.2023 го изврши Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. Стефан во сослужение на Неговата светост, Српскиот патријарх г. г. Порфириј, а во сослужение на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот европски г. Пимен, на Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф и на преосветените Епископи: пакрачко-славонски г. Јован и буеносајрески и јужно-централно амерички г. Кирил, администратор на Загребачко-љубљанската митрополија, како и на многубројно свештенство и монаштво.
Општинската делегација деновиве се наоѓа во посета на Кумровец, а во рамки на посетата Општините Берово, Кумровец и Бољарево, потпишаа Меморандум за сороботка, со цел продлабочување на соработката и рализација на заеднички проекти.
Трите општини, ќе ја продлабочуваат соработката, особено во областа на: туризам, земјоделство, економија, култура и културно наследсво, уметност, обазование, млади и друго.
На свеченоста на која се обрати, беровскиот градоначалник Звонко Пекевски заблагодарувајќи се за досегашната соработка изрази надеж дека заеднички ќе се подобриме животот на граѓаните во трите општини.
Во рамки на официјална посета на Општина Кумровец, каде што се разменуваат мислења и идеи и се согледува можноста за реализација на заеднички проекти.











Leave a Reply