Трибина на тема ,,Политики за развој на инфраструктурата” во Делчево

Трибина на тема ,,Политики за развој на инфраструктурата” вечерва одржа ВМРО ДПМНЕ на која главен збор имаше претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а во дебатата учествуваа Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, како и Синиша Ивановски, претседател на Комисија за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ.

Во својот говор претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека ќе присуствува на најавената лидерска средбата зошто смета дека е потребно да се учествува на средби кога е во прашање државата.

-Воедно сакам премиерот Ковачевски да е свесен за времето кога договорот ќе пропадне, бидејки дојде време некој сака да го негира нашиот јазик, нашата историја нашето постоење и тоа ни повеќе ни помалку тоа негирање е од земја членка на ЕУ. Никој не може да ме убеди дека подобар договор не можеше да се направи. Знам дека може поинаку може подобар договор, но знам и дека ваква неспособна Влада не сме имале досега, рече Мицкоски.

Македонија е се што имаме, ова е наш дом и затоа како што рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ ,,тој дом ќе го штитиме и ќе направиме оваа наша Македонија да успее”.

-Да се бориме да направиме достојна држава за секој во Македонија, бидејки Македонија за сите граѓани, мора да биде реалност. Ќе направиме држава каде ќе има систем во кој ќе се цени чесност, а изборот мора да биде на народот, секоја Влада треба да го слуша гласот на народот, а оваа Влада на ДУИ потпомогната од помалиот коалиционен партнер СДСМ го слуша само гласот на парите, додаде Мицкоски.

По победата најави дека Делчево и регионот ќе бидат квалитетно поврзани и вети дека нема да има регионален неасфалтиран пат.

-Ќе работиме на 1500 километри асфалтирани патишта, тоа значи дека ќе ги замениме сите регионални асфалтни патишта. Се обврзуваме во обнова со која ќе донесеме 2 милијарди евра за патна инфраструктура, додаде Мицкоски.

Победата на локалните избори граѓаните како што рече треба да ја потврдат на претседателските и парламентарни избори по кои најави дека ВМРО ДПМНЕ ќе има и претседател и мнозинство во македонскиот парламент.

На почетокот на трибината свое обраќање имаа и претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Делчево, Иван Гоцевски, како и градоначалникот на Пехчево од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Александар Китански.

Трибината беше стримувана во живо на официјалниот канал на ВМРО ДПМНЕ на линкот во продолжение:

https://www.youtube.com/live/I3PjYVlTzVk?feature=share

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*