ПСК ,,Голак” го реализираше планинарскиот марш по повод годишнината од Разловечкото востание

Планинарскиот-спортски клуб Голак од Делчево го реализираше планинарскиот марш во чест на одбележувањето на 147 години од Разловечкото востание. Маршот се реализираше во должина од 18,6 километри, а најголем дел од учесниците како што истакна претседателот на клубот Љупчо Чучуковски беа членови на младинската секција.

-Заедно со нив го реализиравме планинарски марш до месноста Калаџерџево на 1129 метри надморска висина на планината Обозна. Се работи за месност во делчевската област Пијанец каде Поп Стојан од село Разловци го организирал првото вооружено востание во Македонија против Отоманската Империја во 1876 година. Маршот е во рамките на одбележувањето од годишнината кое го спроведува Националната установа Центарот за култура – Никола Јонков Вапцаров како и Општина Делчево кои не потпомогнаа со логистика и се што ни беше потребно за успешно да го реализираме маршот, рече Чучуковски.

Планинарскиот марш како што додаде се реализирал по сончево време, поради што и неговата реализација била успешна. 

-Голема благодарност до сите членови на клубот кои учествуваа на маршот. Посебна благодарност до Магдалена и Искра Георгиевски, Вања Ѓеорѓиевска кои се наши младински лидери во младинската секција при ПСК „Голак“ кои и денес навистина беа совршени, како и секогаш и ги водеа младинците.  Еден преубаво поминат ден,исполнет со максимално позитивна енергија, додаде Чучуковски.

Во рамки на маршрутата освен Калаџерџево планинарите посетиле повеќе значајни локации меѓу кои Самовилско Езерце, како и куќата на Спасе Ингилизов која имала значајна улога во Разловечкото востание и каде планинарите престојувале по неговот завршување.

Видео со изјава на претседателот Љупчо Чучуковски и членови на младинската секција на линкот во продолжение:

https://fb.watch/kQtwcAT3Pi/?mibextid=Nif5oz

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*