Ловен Дом Берово – Гастро дестинација со прекрасно сместување

На само 300 метри од манастирот Св. Архангел Михаил во прекрасно опкружување со борова шума се наоѓа Ловен дом Берово. Гастро дестинација која нуди вкусна храна и одлично сместување, а која во своја непосредна близина има обележани планински патеки со различна должина за пешачење и возење велосипед, што на некој начин ви го комплетира цел викенд исполнет со активности надвор од вашиот дом.

Ловен дом Берово од денес е дел од светот на Кајак.мк, а домаќините кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека гостите во нивниот дом уживаат во вкусните традиционални малешевски јадење и деликатеси од диво месо. Јадењата кои се служат овде се одраз на богатото кулинарско наследство на малешевскиот регион, а самиот менаџмент е целосно посветен на зачувување и славење на овие традици, вели Јана која е дел од менаџерскиот тим на Ловен дом Берово.

Ловен дом Берово има свое сместување. Објектот располага со шест модерни соби кои нудат прекрасен поглед кон градот и боровата шума. Сместувањето е оддалечено 5 кимолетри од Беровско езеро, а околината каде што се наоѓа домот е пријатна и мирна.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*