Подрачното училиште во Владимирово ќе добие забавно катче со детско игралиште и место за одмор

Со потпишување на Меморандум за соработка означен почетокот на реализацијата на втората локална акција оваа година на територијата на ЛАГ Малеш-Пијанец.

Мрежата за рурален развој, и локалниот партнер ЛАГ Малеш-Пијанец заедно со Општина Берово, ЈПКР Услуга, здружение Владимирски Илинденски средби, ЈТД Кладенче, Караџузлиа транспорт ДООЕЛ, Таковски Мат ДООЕЛ, ПЕЛА Милан ДООЕЛ и ООУ Дедо Иљо Малешевски со својот ангажман ќе придонесат за реализација на локалната акција – Уредување на забавно катче со детско игралиште и место за одмор во дворот на ООУ Дедо Иљо Малешевски ПУ Владимирово.

Оваа активност е дел од “Програма за развој на заедницата”, проект финансиран од USAID Агенцијата на САД за меѓународен развој, а имплементиран од страна на Мрежа за рурален развој.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*