
Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 од Делчево кон Македонска Каменица, каде во изминатите 24 часа се работеше на санирање на поголема пукнатина како резултат на невремето кое во четрвртокот го зафати Делчево. До целосно оспособување на патот за тешки товарни возила сообраќајот за тешки товарни возила на оваа делница како што информираа од подружницата на Макадонија Пат ќе се одвива преку регионалниот пат Берово – Смојмирово – Виница.
Во текот на вчерашниот ден оваа делница ја посети Костадин Ацевски директор на претпријатието Македонија Пат кој рече дека целосна санација се очекува во понеделник, потенцирајки дека граѓаните навремено ќе бидат известени за секоја промена на сообраќајот на магистралата А3.
Делницата вчера ја посрти и министерот за транспорт Благој Бочварски од каде е најевено и официјална потврда за пуштањето во употреба на патот за лесни возила кои сообраќаат од Делчево кон Македонска Каменица и останатите градови. вс/
Leave a Reply