Епископ г-н Марко ќе раководи со Делчевско-каменичката епархија

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во пленарен (полн) состав, одржана на 20 јуни 2023 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што ги усвои годишните епархиски извештаи, како во Татковината, така и во дијаспората, и ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни институции при што се распиша и конкурс за уписи на студенти на Православниот богословски факултет и средното богословско училиште.

        Светиот Синод на МПЦ – ОА, по канонскиот отпуст на архијереите г. Јован, г. Јоаким, г. Марко и г. Давид од Соборот на СПЦ ги прифати во своја канонска јурисдикција и им ги определи следните епархии и задолженија:

– За Делчевско-каменичката епархија го назначи Епископот г. Марко, со титула Епископ Делчевско-каменички;

– За Крушевско-демирхисарската епархија го назначи Митрополитот г. Јован, со титула Митрополит Крушевско-демирхисарски;

– За Дељадровско-илинденската епархија го назначи Епископот г. Јоаким, со титула Епископ Дељадровско-илинденски;

– Епископот г. Давид го назначи за викарен епископ на Скопската епархија, со титула Епископ Дремвитски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*