Антонела Николовска е првенец на генерацијата во деветолетката ,,Ванчо Прке”

Ученичката Антонела Николовска е првенец на генерацијата во деветолетката ,,Ванчо Прке”. Училишната комисија составена според нормативите на интерниот правилник за пофалби и награди, како што информираат од ООУ ,,Ванчо Прке” избираше првенец на генерацијата помеѓу ученичките Антонела Николовска, Милена Ангелова и Искра Георгиевска, кои се пријавија и доставија документи за конкурсот.

Според правилникот за избор, со најголем број освоени бодови, е избрана ученичката Антонела Николовска, ученичка од IX-2 (деветто) одделение.

-За нашето училиште како и за учениците од деветто одделение оваа година ќе остане запаметена и по успесите за избор на Првенец на генерацијата 2014- 2023 година. Антонела Николовска е ученичка која секогаш со задволство и со многу оптимизам се здобиваше со знаење и чекореше по патеката на своето созревање, секогаш со многу успеси и постигања по разни наставни и воннаставни активности. Нешто што беше нејзин дамар и ја правеше посебна е што никогаш не се откажуваше и со поголем оптимизам учеше и се натпреваруваше.

Годините во училишните клупи ја закитија со ракатка полна со дипломи, благодарници,од разни натпревари на општинско, регионално и државно ниво, но и со многу пофалби за нејзината посветеност секаде каде што го претставуваше нашето училиште.

Ќе ги паметиме нејзините зборови кои сама често ги кажуваше „ Моето училиште е најубаво и се гордеам со него “. И ние се гордееме со тебе Антонела Николовска и заслужено се здоби со епитетот
Првенец на генерацијата, истакнаа од ООУ ,,Ванчо Прке”.

Честитки упатија и за ученичките Милена Ангелова и Искра Георгиевска, кои како шро досадоа се ученички со голем број освоени награди и учества на многу општиски, регионални и државни натпревари, како и постигања во разни активности во училиштето. Исто така и на нив им посакаа уште поголеми успеси во нивното понатамошно образование.

Следејќи ги успесите на избраниот Првенец на генерацијата, од ООУ ,,Ванчо Прке” ги заветија идните генерации, Антонела Николовска да им биде пример каков е незапирлив, патот до успехот.

-Низ годините во нашето училиште избраните Првенци на генерацијата и понатаму продолжиле со своите успеси и биле најдобри меѓу најдобрите. Тоа и го посакуваме и на нашата Антонела Николовска – Првенец на генерацијата 2014 -2023 година, подвлекоа од ООУ ,,Ванчо Прке” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*