
Објава на ООУ ,,Ванчо Прке”:
Ретроспектива на нашата завршна културно уметничка програма.
Да ги овековечиме настапите на нашите ученици од петто одделение со нивите одделенски раководители Елизабета Џабирска, Бети Јовановска, Даниела Ангеловска заедно со нивната наставничка по англиски јазик Магдалена Златковска.
Прекрасна вечер со многу успешни настапи со избор на песни, танцови во различен ритам и стил, скечеви и драмолетки.
Но сликата беше уште побогата кога на крајот беа поделени пофалниците и благодарниците на нашите деветоодделенци за континуиран одличен успех, освоените места и награди на сите наши ученици на голем број државни натпревари.
Доделена беше и наградата ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА, на нашата ученичка АНТОНЕЛА НИКОЛОВСКА.
Честитки за нашите ученици и многу успеси и во иднина, се вели во објавата на ООУ ,,Ванчо Прке”
Leave a Reply