Михаела Начовска е првенец на генерацијата во ООУ ,,Св.Климент Охридски”

Вечерва деветолетката Св.Климент Охридски ја одржа завршната приредба на која беше доделена наградата за Првенец на генерацијата од 2014 до 2023 година како и наградите на најуспешните полумантуранти.

Ннаставничкиот совет на училиштето Св. Климент Охридски за Првенец на генерацијата ја прогласи ученичката Михаела Начовска.

-Драга наша Михаела, ти си ученичка која гордо го претставуваше нашето училиште. Ученичка која покажа дека со истрајност и амбиција се стигнува до патот кон успехот. Ученичка која сиве овие години го претставуваше училиштето во најдобро светло. Драга Михаела, оваа година ти беше ѕвездата која најсилно сјаеше. Ѕвездата која успеа да помине низ сите препреки и да покаже дека трудот секогаш се наградува, се вели во честитката од училиштето.

Во продолжение проследете ја целата приредба која се одржа во киносалата во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*