Фото: Делчевските матуранти уживаат во убавините на Италија и Шпанија

Десетте најдобри матуранти од делчевската гимназија патуваат низ Европа посетувајќи ги познатите европски туристички центри. Утрово, тие испратија фотографии и поздрави до делчевци, при што истакнаа дека максимално го искористуваат заслужениот одмор за дружење и забава и уживаат во убавините на европските дестинации Венеција, Верона, Коста Брава.

По избор на матурантите, наградното патување се состои во патување за Шпанија при што ќе ги посетат: Белград, Загреб, Венеција, Верона, Кан, Ница, Монако, Монте Карло, Милано, а ќе летуваат 6 дена во Коста Брава, Шпанија.

Патувањето е организирано преку туристичката агенција „Холилеј травел“-Скопје, а вредноста на наградното патување е 300.000 денари, средства од Буџетот на Општина Делчево.

Наградното патување низ Европа за најдобрите 10 матуранти од делчевската гимназија е традиционална награда и Општина Делчево ја доделува со цел мотивирање на средношколците за постигнување одлични резултати во образовниот процес.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*