
При крајот на месец април беше формирано новото здружение на граѓани со име „Малешевци за Малешевијата“ кое е освежување за градот Берово, а како иницијатор на основањето е Благој Механџиски – Зегин, великанот на македонската фармација или како што многумина милуваат да кажат национален херој на душата и срцата на пациентите.
Меѓу Малешевци е познат како личност која гине за својот сопствен народ и роден крај, проевропски настроен следејќи ги современите трендови, а како човек сепак традиционален. Како најхуман меѓу хуманите и човек кој го развива брендот Зегин постојано истражува и може да се каже дека неговата методологија на успех се темели на сеопфатноста и како таков е иницијатор на оваа здружение кое има цели за развој на Малешевијата и враќање на стариот еснафски дух со кој се одликуваше малешевскиот крај и гордите Малешевци.
Во продолжение проследете го блиц интервјуто со Механџиски во кој детално објаснува за постулатите и приоритетите на делување на самото здружение „Малешевци за Малешевијата“.
Leave a Reply