Хотел Панорама победник на вториот Меморијален турнир Филип Стоичов

Екипата на Хотел Панорама е победник на вториот Меморијален турнир во мал фудбал Филип Стоичов кој во изминатите неколку дена се играше во Делчево. Во финалето победничката екипа го совлада тимот на Ривер/Амбасадор со 3:1. Претходно во натпреварот за 3 место, ПАБ Делчево ја совлада екипата на Либеро со 4:0.

Првопласираната екипа како награда од организаторот доби парична награда од 60.000 денари, Ривер/Амбасадор како второпларисиран тим освои 30.000 денари, додека за третопласираната екипа беа одвоени 10 илјади денари од наградниот фонд.

Паричната наградата и пехарот за најдобар играч на турнирор му припадна на Гоце Ѓорѓиевски од екипата на Хотел Панорама, додека пехар за најдобар голман му беше доделен и на Младенчо Стоименовски.

Организаторите се заблагодарија на сите кои беа дел од меморијалниот турнир во чест на Филип Стоичов, упатувајки посебна голема благодарност до сите спонзори. Сите средства кои беа собрани ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Во чест на прерано починатиот Филип Стоичов учесниците во финалето денес ќе одиграат ревијален натпревар во негова чест на игралиштето во село Град, по што ќе следува ручек за учесниците.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*