
Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денес спроведува мерки за контрола и спречување на ширење на болеста.
Дописникот на МИА кој беше на лице место денес го регистрираше чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно нештетно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста.
-Во моментот екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и одлокалната самоуправа спроведуваат мерки за контрола и спречувањена ширење на болеста. Се врши еутаназија на заболените животни и нивно нештетно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста како и од контактните одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, освен во комерцијалните фарми кои се категоризирани со низок ризик, информираа од АХВ.

Како што додадоа оттаму се спроведуваат и мерки за епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата, попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата, нештетно отстранување и уништување на опремата која не може да се дезинфицира, како и на слама, храна и шталско ѓубре.
-Под надзор на официјален ветеринар се спроведуваати мерки за чистење и дезинфекција на опремата и возилата. На сила е забраната за чување на свињи на отворено и забраната задвижење и превоз на свињи во и од зоната, освен кога се носат воодобрена кланица за колење.
Попис и регистрација ќе се спроведе и за свињите во одгледувалиштата во зоната под надзор каде исто е забрането чување свињи на отворено, движење и превоз во и од зоната освен кога освенкога се движат во одобрена кланица за колење.
Leave a Reply