Потпишан договор за збратимување на општините Берово, Кумровец и Болјарево

Во рамки на официјалната посета на делегацијата од Општина Кумровец, денеска со мојот голега, градоначалник од Општина Кумровец, Република Хрватска, Роберт Шплајт, потпишавме Договор за збратимување меѓу општините Берово, Кумровец и Бољарово. Очекувам нашата соработката да произведе многу позитивни ефекти во општеството, кои ќе придонесат кон унапредување на состојбите на локално ниво.

Преку збратимувањето на Берово, Кумровец и Бољарево, ќе бидат разменети искуства и најдобри практики во областите од интерес на локалните заедници, а особено во областа на економијата, образованието, туризмот, екологијата, финансирањето, развојот на инфраструктурата, социјалната заштита и многу други.

Им посакав добредојде и пријатен престој на гостите, изразив задоволство од досегашната соработка, потенцирајќи дека денешното потпишување и збратимувањето помеѓу трите општини, ќе овозможи размена на искуства, кои ќе придонесуваат за подобар општествен напредок.

Збратимувањето помеѓу трите општини, од Република Северна Македонија, Република Бугарија и Република Хрватска, ќе биде појдовна точка за поттикнување и реализација на развојни проекти во трите локални заедници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*