Групата незадоволни пензионери од Делчево одржаа нов протестен марш за поддршка на пензионерите со ниски пензии

Поголема група пензионери од Делчево и денес излегоа на нов мирен протестен марш, уште еднаш изразувајки ги барањата за подобрување на статусот на пензионерите со ниски пензии. Одборот на незадоволните пензионери од Делчево пред присутните ги повтори барањата за линеарно зголемување на пензиите за 3500 денари, како и донсеување закон за минимална пензија од 20 илјади денари.

-Денеска во име на незадоволните пензионери со ниски пензии ќе ги поднесеме следните барања до Здружението на пензионери од Делчево. Тие барања се линеарно покачување на пензиите од 3500 денари почнувајки од септември 2023 година, донесување закон за минимална пензија од 20 илјади денари во најкраток рок како и бесплатно лекување и лекови за пензионерите, истакна пензионерот Аника Николовска.

Меѓу остататите барања од одборот на незадоволните пензионери од Делчево го напоменаа и обезбедувањето финансиска поддршка за протест во Скопје на 20 септември 2023 година.

-Исто така бараме целосна поддршка од раководството на Здружението на пензионери од Делчево за сите наши барања, кое во рок од 5 дена треба да се изјасни дали се придружува кон нашите барања, додаде Николовска.

Пред присутните пензионерот Васил Маневски прочита дел од својата поезија говорејки за лошата состојба на обичниот пензионер, по што се одржа мирен протестен марш низ централното градско подрачје во Делчево. Најавија дека протестите продолжуваат наредната среда.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*