
Аргентинецот Франциско Санчи и Србинката Анета Максути се победници во апсолутна категорија на Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023. На натпреварувањето учествуваа 189 учесници од 12 земји во светот, а трофеите заслужено ги освоија најдобрите на годинешното издание.
Наградите на победниците им ги додели главниот спонзор на турнирот, големиот филантроп Благој Механџиски – Зегин, кој поздравувајки го шампионот во машка конкуренција Санчи, рече дека тој е одличен пример за младите генерации и го покани и наредната година да биде дел од настанот.
Во продолжение изјавата Благој Механџиски Зегин:
Откако минатата година Зегин Опен се одржа за прв пат, турнирот уште на своето прво одржување стана своевидна атракција на балканските простори.
Оваа година се одржаа натпревари во десет категории, а истите беа пренесувани во живо на линкот тука на официјалниот канал на турнирот Зегин Опен. Со своето учество и победата на Франциско Санчи од Аргентина турнирот само ја потврдува својата атрактивност која ги надминува локалните и регионалните рамки на пингпонгарските натпреварувања на сличните натпреварувања.
Наградниот фонд годинава е двојно зголемен за разлика од минатата година, благодарение на единствениот спонзор на турнирот, компанијата Зегин.
Утре турнирот продолжува со натпреварите во младинска конкуренција.
Во продолжебие погледнете го прогласувањето на побениците во апсолутна категорија:
Leave a Reply